TАВ Македонија: Ве лажат - скопскиот аеродром не продава изгубен багаж

 

„ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, ја информира и ја предупредува јавноста дека има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром „Скопје

Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, односно аеродромскиот оператор ‘ТАВ Македонија’, а понатаму корисниците се пренасочуваат на линкови до веб-страници, каде што се бараат лични податоци и детали од банкарски сметки со цел да бидат измамени да направат трансакција. Затоа, апелираме до јавноста да бидат внимателни додека се онлајн, особено кога се бара да ги вметнат своите лични податоци и детали за трансакциски сметки, кои може дополнително да бидат злоупотребени“, велат од ТАВ и додаваат:

Како сериозна и одговорна компанија, која се грижи за своите клиенти, ‘ТАВ Македонија’ ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед, особено затоа што во аеродромската дејност изгубениот багаж им се враќа на сопствениците во согласност со утврдена процедура, односно со изгубениот багаж никогаш не се тргува.

 Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека сите официјални информации и новости во врска со и за Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ може да се најдат на веб-страницата на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ https://skp.airports.com.mk/mk-MK/;

како и на нашите страници на социјалните мрежи:

фејсбук-страница: https://www.facebook.com/SkopjeAirport;

инстаграм-страница: https://www.instagram.com/skopjeairport/; и

твитер-страница (X): https://x.com/skopjeairport

 Сите други веб-страници и страници на социјалните мрежи на кои луѓето може да наидат лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ и со дејноста на ‘ТАВ Македонија’“, посочуваат од таму.

23.01.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега