Која позната актерка се плаши од стареење?

 

41- годишната Софиjа Вергара е опседната со нејзиниот изглед и годините, затоа што сака телевизиските екрани да ги замени со филмското платно, пишува Радар Онлајн.

Aктерката  моментално е во преговори околу потпишување договор за нова сезона на серија, но и понатаму мечтае за улога на филм.

- Софија и понатаму зборува за тоа дека сака да ја разивие кариерата на филм и да се повлече од „Модерно семејство“. Но за сега се посвети на прекумерно вежбање за да биде сигурна дека и понатаму ќe има секси линија, откри неименуван извор. Вергара  се плаши дека почнала да старее и дека тоа ќе влијае на нејзината понатамошна кариера.

- Стана опседната со нејзиниот изглед во серијата па често знае да дојде на сетот пред сите и тоа два часа порано за да ја нашминкаат, облечат и да и направат фризура, рече извор за Радар Онлајн. 

22.05.2014 - 20:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега