ФОТО: Малолетник ги украл клучевите од автомобилот и прегазил две девојчиња

Во населбата Ново Вирје 17- годишно момче ги украло клучевите од автомобилот на своите родители додека тие биле на прослава во Културниот дом .

Момчето се возело со автомобилот додека на крајот околу 19:15 минути тој со голема брзина се упатил кон местото каде што се наоѓале неговите родители. Возејќи со голема брзина малолетното момче изгубило контрола на автомобилот при што прегазило две девојчиња и се удрил во ѕидот од зградата.

 

Девојчињата веднаш биле пренесени во болница од каде велат дека едното девојче е со тешки повреди но нема опасност по живот, а другото е со полесни повреди.

 

Истрагата е завршена а на момчето ќе му биде доделена соодветна казна. 

 

23.05.2014 - 10:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега