„Нема крај додека сите не бидат на сигурно“- ова е момчето кое го трогна Балканот

Оваа фотографија го освои светот. Момчето фотографијата кое целото мокро во рацете носи две спасени преплашени кучиња, изминативе денови  буквално го расплка светот и го пренесе гласот за поплавите во регионот. Херојот од фотографијата е 18-годишниот Милутин Радоњиќ од Обреж, открива „Блиц“.

Момчето раскажа што точно се случило пред и во моментот на настанувањето на фотографијата.

-Водата надоаѓаше. Побрзав со тракторот да ги истерам животните. Водата веќе беше до колена, но моите се уште беа во куќата. Мислеа дека нема да биде така страшно. Тргнав веднаш со пријателите да ги спасуваме старите луѓе. Властите рекоа дека треба сите да се иселат, почнаа да попуштаат оградите, двете соби кај пријателот се урнаа. Трчав како будала, се плашев од она што би можело да се случи, вели Милутин за „Блиц“.

Додека се бореле за живот Милутин се сетил и на неговите две шестомесечни кучиња Црнка и Роки.

-Мислев дека тие се позади куќата, но за среќа биле пред неа. Видов како на едното куче водата му дошла до вратот и како ја гребе оградата барајќи помош. Го фатив едното, па потоа и другото. Почнаа солзи, додава Милутин.

Милутин порачува само едно: „Нема крај додека сите не бидат на сигурно“.

23.05.2014 - 11:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега