"Не ми остана ниту слика од покојниот син, поплавата ми зема се"

Уште една потресна приказна која ќе ви го распарчи срцето доаѓа од Србија. Родители кои неодамна се соочиле со најголемата трагедија во својот живот, откако го загубиле синчето, сега во поплавите останале и без куќата, но она што најмногу ги боли е што не им останала ниту фотографија од покојниот син во страотната поплава.

„Минатата година синот ми се удави во Дрина. Водата прво ми го зема синот, а сега и куќата. Останавме без свој дом. Поплавата буквално ја однесе половина куќа, а другата половина која остана е неупотреблива бидејќи ѕидовите се испукани. Немаме повеќе ништо, дури ни една слика не ни остана од нашиот покоен син", раскажува мајката низ солзи за српскиот Ало.

Во средата навечер, водата почнуваше да се спушта низ улиците и влезе во куќата. И реков на ќерка ми Слаѓана да се спреми и да оди и дека ќе ја однесам во центарот на градот, кај роднини. Кога ја отворив вратата, нивото на водата беше големо  и носеше се пред себе, додава мајката Верица и додава дека соседот и помогнал да ја спаси ќерка си, но за жал не и куќата и сите спомени.

Поплавите кои ја зафатија Србија, а исто така и БиХ, оставија длабоки лузни. Ова е само една од низата потресни приказни од луѓето кои го преживејаа хоророт кој им зема буквално се.

 

23.05.2014 - 14:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега