Се отвараат нови работни места - турска компанија ќе гради погон во текстилен производен погон во Прдејци

 

Турската компанија „Јагјемезлер“ ќе гради текстилен производен погон во ТИРЗ „Прдејци“, кај Гевгелија.

„Јагјемезлер“ ќе отвори фабрика за производство на конфекциски елементи ќе вработи 250 лица.

- Во погонот во Гевгелија ќе се произведуваат ластици за разни конфекциски производи наменети за странскиот пазар. Веќе одбравме локација во технолошката зона и по добивањето согласност ќе почнеме со изработка на проектот за изградба на фабриката, рече сопственикот на компанијата, Гунгор Кајс кој потенцира дека сообраќајната поврзаност на Гевгелија и близината до солунското пристаниште биле пресудни да инвестира во ТИРЗ „Прдејци“.

Со конфекцискиот погон во Штип,турската компанија веќе 13 години е присутна во Македонија.

26.05.2014 - 11:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега