Поплавите открија масовна гробница во БиХ

- Непозната масовна гробница од времето на војната во Босна и Херцеговина е откриена близу градот Добој после обилните дождови и ерозијата на почвата.

Босанските медиуми соопштија дека гробницата на брегот на реката Босна случајно ја откриле електроинжинери, кои ја поправале електричната инсталација во близина на стариот мост во Добој, североисточна Босна.

Се претпоставува дека во гробот се погребани босански муслимани од селото Јабланица, близу градот Маглај. Овие лица се сметаа за исчезнати откако силите на босанските Срби го преземаа селото во текот на летото во 1992 година

27.05.2014 - 11:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега