„Филип Морис“: Во Македонија не привлече позитивната бизнис клима

 

Договор за стратешко партнерство помеѓу компанијата „Филип Морис“ и Тутунскиот комбинат- Прилеп денес беше потпишан во македонската Влада.

Во новоформираната заедничка компанија со името „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“ 51 процент учество во капиталот има „Филип Морис“, а ТК Прилеп  49 проценти. Со тие проценти ќе се  распределува и добивката.

Претставниците од „Филип Морис интернешнл“ истакнаа дека договорот е ново поглавје за нивната нова компанија за Македонија, со што ќе се зајакне нивното присуство во тутунската индустрија во регионот: - Нас во овој проект не привлече навистина позитивната клима за меѓународните инвеститори во Македонија. Оваа Влада, нејзините министри и премиерот, нивната силна посветеност на растот на меѓународните инвестиции и поддршката за економскиот развој на земјата ни дава доверба за иднината на нашиот проект во Македонија, потенцираше Зиелински.

27.05.2014 - 14:09
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега