ВИДЕО: Ова е селото кое по поплавите остана целосно отсечено од цивилизацијата

Селото Количe во близина на  Зеница по поплавите останало целосно отсечено од цивилизацијата. Пристапен пат до Количе веќе нема, а местото е целосно изолирано, пишува Klix.ba.

Голем број од жителите веќе неколку денови се иселени од своите домови загрозени од поплавите. Потсетуваме, тие два дена минале на ливада, а биле евакуирани со хеликоптери на вооружените сили на БиХ. Голем број од нив по евакуацијата биле сместени во касарната во Зеница.

Погледнете го видеото, кое јасно опишува катастрофата која ги погодила жителите на овој крај.

27.05.2014 - 16:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега