Платите во Дрекслмаер 20% повисоки од минималецот!
Просечната плата во „Дрекслмаер“ е 20 проценти повисока од законски загарантираната и редовно се исплаќа заедно со придонесите. Вработените имаат и други бенефити, во однос на безбедноста, здравјето, образованието, рече денеска на прес-конференција Роланд Полте, извршен директор на Одделот за човечки ресурси во компанијата во Кавадарци.
Македонија, потенцира Полте, е многу важна за „Дрекслмаер“.
- Тука сме гости, но сакаме долго да бидеме дел од ова општество, да дадеме свој придонес во развојот на градот и државата, истакна директорот.
Според комерцијалниот директор Ѓорѓи Тренковски, фабриката во Македонија на почетокот имаше само една хала, а сега брои три.
- Ова е најголемата фабрика во државата за различни видови кабли и претстваува економски фактор. Производството е целосно заокружено. Вкупно 53 отсто од вработените се жени. Просечната старост на работниците е 31,48 години. Исплатуваме 1,1 милион евра за нето плата, даноци и придонеси, скоро 500 илјади евра месечно, а над 150 работници имаат индиректен бенефит од работењето на фабриката, кујна, хигиеничари, превозници. И локалните добавувачи имаат корист од работењето на „Дрекслмаер“, рече Тренковски.
Осврнувајќи се на критериумите за инвестирање, Либех Улрих, управител на „Дрекслмаер“ фабрики во Африка и Источна Европа, нагласи дека за компанијата се особено битни добавувачите, царината, како и политичката стабилност.
- Ги најдовме тие услови овде и затоа инвестиравме во Кавадарци, подвлече Улрих.
„Дрекслмаер“ постои 55 години и е глобален доставувач во автоиднустријата. Има 60 претставништва во преку 20 земји и 53 илјади вработени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа