Состојбата во Крагуевац се нормализира- евакуирани 80 лица

По големото невреме кое вчера го зафатиКрагуевац  денеска состојбата се нормализира. Работата во училиштета тече нормално изјави за српски медиуми заменик командантот на Штабот за вонредни состојби Зоран Јовановиќ.

Тој нагласи дека моментално се работи на средување на улиците кои брзата вода ги прекрила со камен и кал, и додаде дека градскиот превоз се одвива по предвидениот ред на возење но дека е оштетен асфалтот кон населбата Иличево.

Се уште нема податоци за бројот на поплавени објекти како и други штети.

Како што надедва Јованович засега вкупно 80 лица се иселени од нивните домови, кои се во понискиот дел од градот, како и дека најголем број од нив се сместени во халата „Шумадија саемот“, додека 11 од нив се во Геронтолошкиот центар.

Денеска во Крагуевац времето е сончево, а во текот на вчерашниот ден, пропратен со јак дожд и удари на ветар до 60 км/ч,,во градот за два часа паднаа 53 литри дожд по метар квадратен.

Најтешка состојба и најмногу поплави имаа објекти во населбите Бресница, Иличево и Белошавац.

28.05.2014 - 10:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега