Се тресе целиот регион: Утрово регистрирани 5 земјотреси

Три земјотреси беа регистрирани денеска во Северозападниот и Североисточниот дел на Турција, соопшти електронското издание на весникот „Хуриет“.

Потрес со јачина од 4,5 степени во Рихтер е регистриран во 6:59 во Сароскиот Залив во Егејското Море, соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили. Замјотресот бил на длабочина од 13,3 километри.

По првиот земјотрес следеле уште два вторични потреси со интензитет од 2,2 и 2,1 степен по Рихтер.

Други два земјотреси се регистрирани синоќа во окрузите Карс и Ерзурум со интензитет од 4,2 и 4,3 степени по Рихтер околу 3:03 часот.

Нов земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтер е регистриран изутрината во 5:59 часот меѓу грчките острови Лимнос и Самитраки во Егејското Море, соопшти електронското издание на весникот „Вима“.

Според институтот по геодинамика при националната опсерваторија во Атина потресот бил на длабочина од 10 километри. Нема информации за повредени и предизвикана материјална штета

28.05.2014 - 11:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега