Трансфер бомба во РК Вардар
Тимот на Хамбург во изминатиот период се прости од двајца свои играчи, Блаженко Лацковиќ и Жарко Марковиќ.
Овие двајца играчи од наредната сезона ќе го носат црвено-црниот дрес. Тимот на Вардар се очекува да биде засилен со уште двајца играчи од Хамбург, пишува Република.
Засега од раководството на македонскиот вицешампион не ги објавуваат имињата на новите засилувања, а извесно е дека Вардар ќе биде осетно засилен со квартетот од редовите на се уште актуелниот европски шампион.
28.05.2014 - 11:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа