Македонија лидер во регионот според индексот на економски слободи

 

Според податоците од рангирањето на Херитиџ фондацијата, Република Македониjа е рангирана на 43-то место во светот според степенот на економска слобода од вкупно 180 земји.

Република Македонија, како што нагласи министерот за финансии Зоран Стврески е лидер во регионот на ЈИЕ според индексот на економски слободи и бележи напредок од  35 места споредено со 2009 година, кога била рангирана на 78-то место.

- Македонија е подобро рангирана и од 20-тина европски земји, што претставува уште една потврда за квалитетот на економските политики и за високиот степен на економски слободи што постои во Р.Македонија, истакна Ставрески.

Најдобро рангирана после Македонија, е Албанија, која е на 54-то место, додека Грција е дури на 119-то место според индекот на економски слободи.

28.05.2014 - 14:47
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега