"Каде одиш сине, не ме оставај сама" - погребани тројцата братучеди

Србија завиена во црно. Вчера беа погребани тројцата братучеди, 22-годишниот Милош, 18-годишниот Далибор и 16-годишниот Марко кои во неделата загинаа во тешак сообраќајна несреќа.

Славомир Милојевиќ вчера во вечното почивалиште ги испрати тројцата внуци.

- Еј црна судбино, поцрна не можеш да бидеш. Се подготвуваа за роденденот на Далибор, за сестрата на Марко подготвуваа за свадба. Се подготвуваа, а дочекаа три гроба низ солзи вчера за српски Курир зборуваа роднините на Милојевиќ.

А во населбата Дежевски пат, таму каде тројца братучеди во неделата вечер настрадаа во страшна сообраќајна несреќа недалеку од своите домови, три куќи се завиени во црно. Во трите куќи на тројцата браќа се наоѓаат три ковчези, а пред куќите три крстови. Заплакаа три мајки и тројца несреќни татковци.

- Леле сине, синеееее... Не допирајте го, каде ќе одиш сине без да се поздравиш, лелекала мајката на едно од момчињата.

Таму биле и другарите од училиште на Марко и Далибор. Гледале со тага во очите, плачеле како дожд, виделе што значи да те нема кога не ти е дојдено времето. Малку подоцна колоната тргнала накај гробиштата.

Ваква тага Нови Пазар досега нема видено, пишуваат српските медиуми

28.05.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега