Раст на индустриското производство

 

Индустриското производство во април годинава бележи раст од 2,2 проценти во однос на април лани, а во првите четири месеци од годинава во однос на периодот јануари-април 2013-та е поголемо за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2014 година, во однос на април 2013, бележи пораст од 0,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 19,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во април годинава е бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,8 отсто и Капитални производи за 61,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 12,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто и кај
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1отсто.

28.05.2014 - 15:46
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега