Шариќ: Не сум работел под псевдонимот Зоки

Во Белград вчера било продолжено судењето на Дарко Шариќ кој се товари за организирање на група која шверцувала 5,7 тони кокаин, пренесува српски Ало 

Едно од тврдењата на обвинителството е дека Шариќ работел под псевдонимот Зоки, на што обвинетиот одговорил дека "во Индија веруваат во кравата, па така и обвинителот може да верува дека тој е Зоки".

Вчера објаснил дека не бил ироничен и дека не работел под споменатиот псевдоним.

"Обвинителот може овде да каже што сака. Мисли дека јас сум "девојка за скандали", но не сум", изјавил Шариќ и повторил дека доказите на обвинителството не се негови.

29.05.2014 - 10:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега