Во Холивуд ќе се снима филм за Аркан

Во Холивуд ќе се снима филм за  лидерот  на паравоената формација Српска доброволна гарда Жељко Рањатовиќ - Аркан. 

Според информациите на сајтот IMDB, ова остварување ќе се вика „The Rise of the Tiger“, а моментално се наоѓа во фаза предпродукција. Филмот, според планот, би требало да го следи животот на мафијашкиот шеф од Источна Европа кој се вика Тигар и кој пред да стане криминалец работел за државната тајна служба. Сајтот го цитира и лајт мотивот на книгата по која се снима ова остварување:

„Секоја држава има своја мафија, но ниту еден мафијаш не ја поседува државата како Тигар“.

29.05.2014 - 11:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега