Градоначалникот на Обреновац на сослушување во полиција

Истрагата за евентуална кривична одговорност за последиците од поплавите во Обреновац започна со сослушување на претседателот на општината Мирослав Чучковиќ.

Полицијата има информативен разговор со претседателот на општината Мирослав Чучковиќ, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесува Танјуг.

Во текот на денот полицијата ќе ги сослуша и останатите членови на Општинскиот штаб во Обреновац.

По нив, на ред ќе дојдат претседателот на општина Крупаљ Раде Грујуќ и поранешниот градоначалник на Шабац Милош Милошевиќ, како и уште неколку други одговорни лица во овие три града, јавува „Блиц“.

На барање на обвинителството директорот на полицијата Милорад Вељовиќ нареди итно формирање на работна група за испитување на евентуална одговорност на локалната самоуправа.

29.05.2014 - 13:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега