Тутунски по договорот со „Филип Морис“ најавува инвестиции и финансиско стабилизирање

 

Финансиско стабилизирање, вложување во фабриката и двојно поголема продажба на цигари најавува новото раководство на Тунтускиот комбинат Прилеп по потпишувањето на договорот со „Филип Морис“.

- Новото друштво во кое „Филип Морис“ ќе има 51 отсто, а Тутунскиот комбинат 49 проценти од сопственоста, ќе биде екстра профитабилно со мал број вработени, околу 30, и ќе се грижи за пласманот на брендовите на дете компании, изјави денеска на прес-конференција генералниот директор на Комбинатот Александар Дерменџиев.

Во првата фаза ќе продолжат производството и пласманот на брендовите на комбинатот, за потоа, откако ќе се модернизира опремата, да се произведуваат и брендовите на „Филип Морис“.

- На наше инсистирање, вклучен е и доелот за тутун каде е опфатен и откупот. Во десетгодишната соработка ќе има откуп на значителни количества тутун што е сигурност за кооперантите во однос на исплатата и за задржување на договорените количества за откуп, рече генералниот директор.

 „Филип Морис“ преку новото друштво ќе издвои значителна сума, неповратна, за модернизација во комбинатот. Можно е, доколку овој вид на соработка се покаже продуктивен, да има и приватизација на Комбинатот.

 

29.05.2014 - 15:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега