Хрватски автобус излета кај Босански Брод - загина едно лице

Хрватски автобус излета од патот во близина на Босански Брод, загина едно лице, а деветмина се повредени. Автобусот возел на релација меѓу Неум и Винковци, а во него во моментот на несреќата се наоѓале 14 патници и двајца возачи.

- Во инцидентот загина маж на возраст од 77 години, истакна Станимировиќ.

Повредените се пренесени во болница во Славонски Брод и се надвор од животна опасност.

 

29.05.2014 - 16:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега