ЕБОР: Три милијарди евра штети од поплавите во Србија и Босна

Минатонеделните поплави на Балканот предизвикаа директна штета од околу три милијарди евра, што може негативно да влијаат на економскиот раст, како и да придонесе за зголемување на инфлацијата, соопшти Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Според првични груби проценки на Банката, како што јави ДПА, Србија претрпела директни штети од 1,5 до 2 милијарди евра, а Босна и Херцеговина од 1,3 милијарди евра.

Поплавите нанеле значителни штети во земјоделството, кое учествува со 10 проценти вод бруто домашниот производ на рбија и шест проценти во БДП на БиХ. Очекуваните загуби во оваа сфера се стотици милиони евра.

Сериозно се погодени и производството на електрична енергија и рударството во Србија, додека поплавите нанесоа оштетувања на транспортната инфраструктура на двете земји, наведува ЕБОР.

Последиците од поплавите може дополнително да ги забават реформите во двете држави, предупредува банката

30.05.2014 - 09:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега