Штипјанец ќе си вози „Фолксваген поло“ - еве кому му донесе среќа „Фискална во рака – награда без мака"

 

Во вторникот на 27 мај, со директен пренос на МТВ 1 се одржа шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака. Во ова коло од наградната игра се извлекуваа 150 вредносни ваучери, а главната награда, автомобил „Фолксваген поло“ замина за Штип .

 Неизвлечените коверти од ова извлекување како и ковертите од второ, трето, четврто и петто извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, ќе учествуваат во 7мото извлекување кога покрај редовните награди ќе се извлекува за стан и деловен простор, а кое ќе се одржи на 30ти јуни.

 

 До сега од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на:  Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петтото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.

 

 Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Ковертите покрај испраќање по пошта може да се оставаат и на пунктови во наменски кутии од кои се три постојани во Скопје – пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон плоштад Македонија и една во влезот на зградата на МРТ. Низ поголемите  градови низ РМ пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија, во поединечни денови. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот:

 Државна лотарија на Македонија

Бул. Гоце Делчев, бр 8, поштенски фах 363

За наградната игра Фискална во рака – награда без мака

 Граѓаните на овој начин можат лесно да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.

30.05.2014 - 15:09
Фото: 
мтв
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега