Откриена масовна гробница кај Рашка

Mасовна гробница со 27 тела била пронајдена во близина на каменолом кај српскиот град Рашка. Според направените ДНК анализи починатите тела се на косовски Албанци, кои загинале во војната во 1998 и 1999. 
 
-Процесот на идентификација на жртвите се уште трае и имињата на жртвите нема да бидат објавени додека не заврши целиот процес и фамилиите на починатите не бидат известуваат од  Комисијата за исчезнати лица на Србија
 
Како последица на војната во Косово околу 1.700 лица се уште се водат како исчезнати.
31.05.2014 - 10:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега