"Спи мирно ангелче мое" - погребано четиригодишното детенце од Србија

Србија завиена во црно. Вчера беше погребано четиригодишното детенце кое се удави во средата напладне. Детенцето си играло со својот петгодишен брат и со уште едно друго дете, но додека шутирале камчиња одеднаш се лизнало и паднало во бара длабока пет метри.Неговиот брат се обидел да му помогне така што му подал дрвен стап за кој детето се фатило. Додека четригодишното дете се држело соседите  дошле на помош, но за жал и другото дете паднало во водата.

Во текот на вчерашниот ден целото село дојде да му упати последен поздрав на малото момченце. Родителите стоеја скршени од болка до белиот ковчег во кој се наоѓаше нивното синче.

- Спи мирно ангелче мало, изјавија неговите баба и дедо.

Детенцето го испратија и 30 другарчиња кои се дружеле со него.

Нека почива во мир!

 

31.05.2014 - 10:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега