Најмалку 3.500 лица земаа учествуво на првата геј парада во Кипар

Неколку илјади лица учествуваа на првата геј парада во Кипар, барајќи еднакви права во земјата во која влијателната Православна црква цврсто ја отфрла хомосексуалноста, пренесоа британските медиуми.

Развивајќи ги знамињата со боите на виножитото, повеќе од 3.500 лица, претставници на различни генерации, мирно прошетаа по улиците на кипарската престолнина, каде пред геј парадата дојде до судир меѓу мала група демонстранти против настанот и полицијата.

Кипар во 1998 година ја декриминализира хомосексуалноста, пет години откако еден од пионерите на правата на луѓето во оваа област Алекос Модинос успеа да ја осуди земјата во Европскиот суд за правата на човекот.

Активистите од оваа област тврдат дека земјата се уште заостанува зад другите земји од ЕУ во однос на правата на геј двојките и бавно го воведува законодавството за еднополови бракови. Хомосексуалните двојки во Кипар немаат исти права како бисексуалните двојки при добивањето социјални станови и друга помош.

Непосредно пред почетокот на геј парадата, околу 200 лица, меѓу кои и свештеници, организираа гласен протест пред Парламентот на земјата. Кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да се доближат до учесниците на парадата, дојде до судир меѓу нив и силите на редот, пренесоа американските медиуми.

01.06.2014 - 10:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега