Осумгодишно детенце остана без мајка - детали за големата трагедија во Србија

 Тешка сообраќајка се случила во близина на Дромир, на патот Колашинац - Подгорица. Како што јавуваат црногорските медиуми, до несреќата дошло кога Фордот кој го управувала една од загинатите девојки загубил контрола, излетал од патот и паднал во бездната.

Се работи за 26-годишната Милица Станишиќ, 32-годишната Јелена Милосавлевиќ и 26-годишната Драгана Лајовиќ кои слетале во кањонот длабок 150 метри со својот автомобил откако се враќале радосни бидејќи положиле испит.

- Сите сме во шок, не можеме да поверуваме каква трагедија се случи. Згаснаа три млади животи, а нивните семејства останаа без своите чеда. Навистина страшно, велат за српскиот Ало колегите на настраданите девојки кои студирале на Медицинскиот факултет.

Едната од девојките, Милица, зад себе оставила 8-годишна ќеркичка која сама ја одгледувала бидејќи била разведена. Од друга страна, Јелена била омажена и зад себе оставила тригодишно детенце.

Засега не се знае која е причината за страотната несреќа која остави дечиња да растат без своите мајки. Најверојатно автомобилот изгубил контрола и се излизгал поради дождот кој врнел тој ден, но официјални податоци нема.

 

01.06.2014 - 10:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега