По цели 30 години открила дека и го украле бебето

Вистината секогаш излегува на виделина а доказ за тоа е оваа жена. Зорица Јовановиќ од Баточине е првата жена од Србија која на Европскиот суд за човекови права во Стразбург успеа да го оправда сомневањето дека нејзиниот син, роден и наводно украден во 1983 година се уште е жив.

 

Податоци за неговата смрт никаде не се заведени ниту денес. Оваа нејзина потресна приказна покажува дека исчезнувањето на бебиња од породилиштата во Србија во периодот од седумдесетите па до денес не се само теории на заговор, туку реалност во која многу учесници профитираат со трговија на луѓе а родителите никогаш не успеваат да влезат во трага на своите исчезнати деца.

 

- Октомври 1983 година родив здраво дете, син, во Клиничкиот центар во Чуприја. Два дена поминав со него во прегратки, го доев, беше со одлично здравје и добие таканаречена “оцена 10″ од лекарите. Третиот ден во 6.30 рано наутро, бабицата влезе во собата и рече дека моето дете умрело. Причина – пукање на капиларите во мозокот. Како, зошто одеднаш се случило тоа никогаш не дознав бидејќи ништо не ми ни кажаа. Се обидов да го барам биз болницата, но ме спречија, се обидоа да ми дадат седативи, но јас ги одбив. Мојот сопруг и јас бевме во шок и баравме било каква трага од нашиот син, но никогаш, па ни денес, не сме добиле никакви официјални документи на кои пишува дека тој е мртов – раскажува низ солзи Зорица Јовановиќ.

Зорица и нејзиниот сопруг чекале да им бидат соопштени било какви вести, а им било кажано дека обдукцијата ќе биде направена во Белград, далеку од нивните очи. Како поминувале годините, Зорица безуспешно се надевала дека ќе дознае што се случило со нејзиниот син, а нејзините надежи се зголемиле кога дознала дека нејзиниот случај не е единствен. Таа во 2002 година дошла до информации дека нејзиниот син е запишан во матичната книга на родени, но не и во книгата на мртви, како и дека во неформално напишаниот лекарски извештај пишано е дека причина за смртта на бебето е непозната што и ја вратило вербата дека нејзиното дете се уште е живо.

Зорица во 2003 година поднесува кривична пријава против медицинскиот персонал во породилиштето во Чуприја, но пријавата е одбиена.

- Три години подоцна, владата на Србија излегла со извештај кој е срамен. Порадо тоа што мојот случај се има случено во осумдесетите, никогаш не ни постоел закон кој се однесува на кражбата на бебиња, ми објаснија дека сега е невозможно да се реши мојот случај и слични други бидејќи веќе се затарени. До 2010 година постојано ова ми го повторуваа, а единствен кој нешто направи за да се поместиме од мртвата точка е Јавниот правобранител Саша Јанкович, кој таа година рече дека државата не направила се за да ги реши овие случаи и дека е можно тие бебиња да се одземени од своите родители, живи и здрави. Мојот син е жив и јас силно верувам во тоа. Ако државата не сака да ми помогне да го пронајдам, одам во Стразбург – кажува Јованиќ.

 

На Европскиот суд за човекови права таа навела дека државата избегнува да и обезбеди информации за нејзиниот роден син и дека нејзиниот син е даден на посвојување и дека е жив, додека државата се бранела дека случајот е застарен. Освен тоа, наведено е и дека, во моментот на поднесување на кривичната пријава, не постоела Европска конференција за зашитата на човековите права и основни слободи, на чија основа би реагирале властите. Државата заклучила дека Зорица Јовановиќ немала основа на што да се надева дека во нејзиниот случај ќе биде различен, иако имало неколку случаеви на исчезнати бебиња од 2003 до 2013 година.

01.06.2014 - 10:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега