Стартуваше изградбата на автопатот Кичево-Охрид
Започнаа градежните работи околу изградбата на автопатот Кичево –Охрид.
-Ќе има и кинески работници, дел се веќе стигнати во Кичево. Тоа е уште една интересна работа во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Тие ќе работат по нивните стандарди, по нивните закони што и ја дефинираат брзината на изградбата на автопатот која е само три години, имајќи го во предвид искустството кое го имаат. Тоа ќе значи забрзување на целата постапка, изјави Александар Николовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, 49 проценти од компаниите и 51 % од работниците кои ќе работат на автопатот ќе бидат од земјава .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа