Зошто мразиме понеделници?
Нов понеделник. Сигурно не сте нешто посебно расположени за денов. Освен ако можеби не ви е роденден, во кој случај среќен нека ви е!
Но, шансите се значително поголеми дека сте со тажен израз поради сета таа работа што ја оставивте незавршена во петок, кога мислевте дека понеделник е далеку. Поради алармот што одново и одново го мразите се повеќе. Поради понеделничкото станување од кревет што буквално е една од најтешките работи со кои сте се сретнале било кога. Поради викендот до кои ве делат 5 исцрпувачки работни денови итн...
Велат дека шансите за пад на цените на акциите се убедливо поголеми во понеделници отколку во било кој друг ден. Не е залудно тоа што постојат црн и син понеделник. Двата најголеми економски колапси (еднаш во октомври 1987, втор пат во август 2011) се случени во понеделник, двата познати како “црн понеделник”, а понеделникот од последната целосна недела во јануари е познат како “син понеделник”, односно најдепресивниот ден од годината...
Но, не можеме да ги избегнуваме понеделниците. Според една студија објавена во угледниот британски Телеграф, најдобрите начини за избегнување на понеделничките нервози се следниве – гледање смешни видеа наутро, водење љубов, шопинг во супермаркет пред да одите на работа или планирање на одмор.
А ако навистина не ви е денот, тогаш време е за нешто добро! Како што кажува слоганот на Гуте Фрухте, можеби доволно ќе е една чаша од прекрасниот нов сок на нашиот пазар. Со неодолив вкус направен по швајцарски рецепт, Гуте Фрухте е навистина нешто добро! Веќе се наоѓа во маркетите близу до Вас, а започната e и акцијата на промовирање на извонредните природни вкусови во секоја капка Гуте Фрухте по специјална промотивна цена за овој период. Првичните реакции од Вас се извонредни, доколку не сте се увериле сами, појдете до најблискиот маркет уште веднаш и побарајте го македонскиот сок со швајцарски вкус.
Компанијата Тотал Брендс, заедно со продукцијата Еден на Еден и бренд амбасадорите Марјана Станојковска и Атанас Костовки, веќе завршија со првата фаза од многуте планирани промо активности т.е. го снимија рекламниот тв спот. Додека чекаме да видиме што направиле, еве слика од снимањето.
Пробајте го Гуте Фрухте и дадете му насмевка на овој понеделник. Сепак нели, време е за нешто добро!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа