Која е фирмата „Техникал текстил“ што најави над 500 нови работи места во Македонија

 

Германската компанија ,, Техникал текстил,, која се занимава со производство на изолациони материјали за автомобилската, авионската и градежната индустрија, ја објави својата одлука за инвестирање во Македонија.  Компанијата има свои инвестиции во разни сектори во Емиратите.  Поради неекспедитивноста на локалните власти за добивање  градежна дозвола и измена на првобитната локација во слободната зона  ,,Кизад,,  во Абу Даби, инвеститорот размислувал за друга локација. Компанијата ја одбра Македонија, како најповолна бизнис дестинација во конкуренција со неколку земји од Југоисточна Европа.

Интересот за инвестирање во Македонија започнува со написот во германскиот престижен  економски весник  ,, Ханделсблат,, , каде  Македонија е споредена со други земји од ЈИЕ од гледна точка на даноците, поволностите кои се нудат во Македонија, но и дополнителните поволности-ослободување од данок во период од 10 години во слободните економски зони. 

За релативно краток период менаџментот на компанијата ја посетува Македонија неколку пати, во текот на средбите добива детални информации за поволностите и бизнис климата. Врз основа на реализираните средби, разгледување на повеќе локации и анализа на бизнис параметрите, компанијата донесе одлука за инвестирање во Македонија, во ТИРЗ ,,Штип,,. Зоната во Штип, е избрана заради достапната квалификувана работна сила, но и поради можноста за брзо стартување на фабриката. Во првата фаза, компанијата ќе инвестира 12 милиони евра, ќе бидат креирани 500 до 600 работни места. Изградбата на фабриката се очекува да започне во август 2014. 

Компанијата ,, Техникал текстил,,  во првата фаза планира да започне со производство на фиберглас,  кој има широка примена во автомобилската индустрија, авионската, производство на ветерници и производство на бродови, а потоа и со производство на специјални изолациони материјали од фиберглас кои имаат карактеристика –издржливост на високи температури и ќе се користат за обвиткување на катализатори и издувни системи во автомобилската индустрија. Компанијата изразува интерес и за  други видови инвестиции. Разгледувани се некои потенцијални опции во земјоделството, производство и пласман на јаболка на европските пазари, но и производство на грозје и вино.

03.06.2014 - 14:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега