„ЕВН Снабдување“ освен пониска цена и пакети со евтина тарифа на компаниите ќе им нуди и енергетски менаџмент
„ЕВН Снабдување“ продолжува со поддршка за компаниите. Сите компании кои се снабдуваат со електрична енергија ќе добијат дополнителна поддршка за рационализирање на потрошувачката преку можноста да имплементираат енергетски менаџмент во своето работење. За да им ја овозможи оваа услуга на своите клиенти, која за прв пат се нуди на македонскиот пазар, ЕВН Снабдување веќе има ексклузивна соработка со водечка компанија од областа на енергетскиот менаџмент.
Енергетскиот менаџмент е напредна алатка за рационализирање на потрошувачката на електрична енергија, која преку енергетска ревизија ги утврдува сите точки во компанијата каде со употреба на нови или заменети технологии се прават сериозни заштеди на електрична енергија во целокупното работење. Преку енергетскиот менаџмент компаниите ќе направат сериозни заштеди на електрична енергија со што ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе можат да инвестираат во својот иден развој.
„Освен што на компаниите им нудиме најдобра цена и најдобри услови продолжуваме со нови поволности кои на нашите клиенти не само што ќе им обезбедат сигурно снабдување и вистинска поддршка, туку истовремено и можности за долгорочен и стабилен развој. Енергетскиот менаџмент е нов концепт во Македонија кој веќе се применува во светот “, истакна Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.
Анализите на стручните тимови на „ЕВН Снабдување“ покажаа дека во следната фаза од процесот на либерализација, малите и средните компании ќе добијат пониска цена на електричната енергија. „ЕВН Снабдување“ веќе подготвува посебни пакети на услуги кои освен пониска цена на струјата ќе содржат и евтини тарифи за потрошувачите.
Компанијата располага со стручен тим, кои овозможуваат навремена и стручна услуга, како и експертиза што на компаниите им овозможува стабилен развој на нивните бизниси. ЕВН на македонскиот енергетски пазар има формирано и две балансни групи, една на слободниот и една на регулираниот пазар, што на компаниите им овозможува дополнителна стабилност.
„ЕВН Снабдување“ е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји. Искуството и знаењето од работење на либерализиран пазар на групацијата, и’ овозможи на „ЕВН Снабдување“ огромна поддршка во креирањето на најдобри понуди на македонскиот пазар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа