Бизарна смрт на познат македонски адвокат - еве што се случило

Денеска на Светонеделските гробишта во Битола е погребан познатиот битолски адвокат М.Ѓ. кој почина доцна синоќа од бизарна смрт. Како што пишува Нова Македонија, M.Ѓ. починал од давање со парче месо.

Според засега непотврдени  информации  битолскиот адвокат  синоќа во својот дом наводно  вечерал заедно со својата  придружничка, кога во еден момент почнал да се дави од парче месо, при што придружничката испаничена го напуштила домот, а потоа случајот го пријавила во полиција.

Весникот пишува дека адвокатот бил пронајден мртов во својот дом.

04.06.2014 - 16:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега