Млад работник повреден во фабрика во Кавадарци

Дваесет годишен работник утрово бил повреден во фабрика во Кавадарци.

Од велешката полиција информираат дека несреќата се случила околу осум часот, а во кавадаречката полиција случајот од ИГМ Кавадарци бил пријавен од страна на медицински лица.

Во моментов се врши увид на местото на несреќа. Од полицијата најавуваат детали во текот на денот.

 

05.06.2014 - 12:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега