Две жени присилувале девојка да нуди сексуални услуги на непознати лица
Јавното обвинителство во Добој поднесе кривична пријава против две жени кои се товарат за злоставување и трговија со луѓе.
Д.М. и А.Ч. кои живеат на подрачјето на Теслиќ, се товарат дека во понеделникот, на 2 јуни со употреба на физичка сила и закани присилиле полнолетна девојка да пружи сексуални услуги на непознати лица.
-Притоа направиле снимки кои потоа ги доставувале на трети лица - соoштуваат од полицијата
Жените се осомничени дека и претхоно повеќе пати физички напаѓале и на други начини ја злоставувале таа девојка.
06.06.2014 - 14:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа