Грција поразена среде Атина

 

Македонија ја победи Грција со 27:25 среде Атина. Во тежок меч во кој ништо не ни одеше од рака, успеавме да го совладаме нашиот јужен сосед.  Полувремето го завршиме со еден гол разлика, а во вториот дел во речи си сите 30 минути Грците водеа.
Сепак на крајот, со дисциплинирана игра, успавме да ја однесеме победата. Добриот резултат е пред се заслуга на расположениот Борко Ристовски кој имаше 17 одбрани. Кире Лазаров постигна 7 гола, Манасков 6, а Миркуловски и Стоилов беа прецизни по 3 пати.

 

07.06.2014 - 19:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега