Кобно ноќно излегување за 23 годишен сообраќаен полицаец - загинал во сообраќајка

 

23 годишен полицаец загинал откако заедно со своите двајца колеги од сообраќајната полиција во Дубровник, враќајќи се од вечерно излегување со својот автомобил излетал од патот.  Несреќата се случила вчера рано наутор, а неговите колеги на возраст од 24 и 26 години поминале со полесни повреди. 
Сите тројца не биле на должност. Враќајќи се од локалното кафуле, 23 годишниот полицаец Иван, кој и управувал со своето возило Форд Фокус, на еден непрегледен свиок, сакал да претекне друго возило. Од спротивниот правец налетал автомобил и Иван за да го избегне завршил надвор од патот удирајќи во насип.
Неговите пријатели велат декатој бил против брзото возење и постојано ги прекорувал возачите кои ги застанувал по пречекорување на дозволената брзина.

08.06.2014 - 21:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега