(ВИДЕО) Остварен сонот на Надреалистите: успешно испратен бурек во Вселената

Двајца ентузијасти од Сараево, Аднан Пашиќ и Емир Хашимбеговиќ успеаа да испратат бурек во Вселената.

Целиот проект испраќање бурек во Вселената инспириран е од Надреалистите и нивната парадија на Стар Трек. Како што рече за портал Klix.ba Хашимбеговиќ, се почнало од здодевност.

- Отидовме во Рајловац, на плексиглас го фиксиравме знамето на БиХ и бурекот. Претходно купивме метеоролошки балон, камери и GPS и заедно вчера ги испративме во Вселената. Откако балонот достигна висина од 25 километри, пукна и после тоа почна враќањето на бурекот на земјата. Откако падна на Земјата, почна нашата потрага за бурекот. Го пронајдовме на планината Лисин кај Милиќ, 65 километри воздушна линија од Сараево, рече Хашибеговиќ.

Тој додава дека бурекот од Вселената се вратил со брзина од 600 километри на час и како што рече Хашимбеговиќ, докажа дека не е точно дека тие што заминуваат од БиХ во неа повеќе не се враќаат.

- Кога се врати од Вселената, бурекот беше во одлична состојба, вели Хашибеговиќ. 

најчитано сега