Ештон: Планот не го прејудицира статусот на Косово
Одлуката на Белград и Приштина да го усвојат планот за примена на договорот за нромализација на односите, денекс го поздрави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, со кој се нормализираа односите и нагласи дека со тоа не се прејудицира статусот на Косово.
- Примената на планот треба да ги реши проблемите на терен и да обезбеди забрзан напредок на Србија и Косово кон ЕУ, рече Ештон.
- Тоа е чекор напред во дијалогот Белград-Приштина со кој не се прејудицираат ставовите на двете страни за статусот на Косово, додаде Ештон.
Таа им оддаде почит на двете страни во дијалогот и додаде дека личното ангажирање на премиерот Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи и во иднина ќе биде неопходно за да се примени договорот.