Крит: Со сатар ги нападнала даночните административци
Гркинка со сатар во рака ги шокира службениците и граѓаните, упаѓајќи во даночната администрација на островот Крит, пишува весникот „Етнос“.
Жената успеала да влезе во даночната служба во градот Хања без да биде забележана од обезбедувањето и нападнала службеници, но по интервенцијата на полицијата, била приведена.
Кризата ги погоди Грците, кои шеста година по ред се борат со длабоката рецесија и мерките за штедење.