За ручек подгответе вкусни шпагети Карбонара

 

Направте вкусни карбонара шпагети. 

Потребни состојки: 

1 пакување шпагети тестенини, сварени според упатството
4 јајца
3/4 чаша миксиран крем
3/4 сецкана сланина
1/2 чаша рендан пармезан
2 лажици измелен зелен лук
4 чешниња мелен лук
4 супени лажици путер

Подготовка:

Добро измешајте ги јајцата, кремот и пармезанот. Оставете го настрана.
Загрејте тенџере или тава, и ставете го путерот да се истопи.
Пржете ја сланината додека текстурата не стане крцкава. Оставете ја настрана.
На истата тава (или тенџере) отстранете го вишокот на путер и додадете го лукот и зелениот кромид.
Додадете ги шпагетите и јајцата заедно со кремот и пармезанот и мешајте добро. Гответе 1-2 минути.
Додадете ја пржената сланина.
Сервирајте на чинија.

09.06.2014 - 16:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега