Полнети пиперки

 

 

СОСТОЈКИ:

- помала главица кромид

- 300/500 гр. мелено месо

- ориз,масло,7-8 бабури

- магданос

- вегета или сол,црн бибер

- парчиња компир или патлиџан (за затворање на пиперките)

Се дроби поситно помала главица кромид, ќе се пропржи на масло за да стане процирен-стаклест (не да пожолти и не на многу јак оган)Потребно е 500 гр. (или 300 гр.) мелено месо и ориз.Оризот се става во цедилка и се мие, а потоа се става во кромидот. 2-5 мин. ќе се промеша со кромидот на тивок оган. Во ова се додава месото, се меша и не мора многу да се испржи (зошто и така ќе се вари). Се додава вегета (или сол), црн бибер, сецкан магданос и место црвен пипер отприлика 2 супени лажици кечап. Се полнат пиперките и се ставаат во подлабоко тенџере. Се затвораат со парчиња компир или патлиџан. Им се става вода од садот каде што се спремала смесата за полнење, а водата да достигне до половина од висината на пиперките.Така се ставаат да се варат. Прво на посилен оган (да зовријат), а потоа се намалува огнот и треба да вријатна тивко околу саат-два.Потоа се ставаат во рерна на 200 степени, но покриени (за да не изгорат). На крај се откриваат (30-40 мин.) за да се потпечат

10.06.2014 - 12:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега