Филе: Кога е проширувањето во прашање, не е важно кај кого е топката, важно е да се игра

 

Штефан Филе продолжи со охрабрување на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата, дека вратата на ЕУ ќе биде и понатаму отворена и дека блокадите на некои земји членки не можат да траат вечно. 

На денешната прес-конференција во Европскиот совет во рамки на Советот за надворешни работи (ФАК) посветен на односите со Третите земји и прашањето за Сирија, Филе беше запрашан дали топката во однос на процесот за проширување кај земјите-кандидати или кај земјите-членки:

- Не е важно дали е топката кај едните и другите, најважно е топката да е во игра! - одговори Филе, кој како прв човек за проширување дава се од себе Турција да продолжи со отворање на поглавјата во рамки на преговорите, а Македонија и Србија да ги почнат пристапните преговори.

Овој став на Филе доаѓа поради блокирањето од страна на Грција и Кипар на Турција во продолжувањето на преговорите за членство, како и поради грчкото вето на почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија, при што страните во овие спорови постојано се обвинуваат дека “топкат ае кај другиот“.

најчитано сега