Падна првата затворска казна за нередите по убиството во Ѓорче Петров

Едно лице доби 6 месечна затворска казна а уште двајца се осудени условно во судскиот процес кој против нив се оди за немирите во скопско Ѓорче Петров по убиството на матурантот Ангел. По брза постапка, судот ги изрече условните казни откако обвинетите го признаа делото кое им се става на товар, учество во толпа и спречување на службено лице во извршување на своите обврски. За ова дело, според законот следува затворска казна од 3 месеци до 3 години.
Осудениот на затворска казна имал и претходни пресуди од судот што било земено како отежнувачка околност.
Во истиот случај обвинети се уште две лица.
Сите петмина добија и прекршочни казни според кои ќе треба да платат 700 евра.
По нередите три лица беа во притвор, а попресудата, пуштени се на слобода до нејзината правосилност.
Немирите на средината од мај, минатата година беа предизвикани по убиството на Ангел Петковски во скопско Ѓорче Петров

11.06.2014 - 20:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега