Пораз на македонските кошаркарки
Македонската женска кошаркарска селекција го претрпе и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2015 година во Унгарија и Романија.
Нашите кошаркарки вечерва се поразени од Велика Британија со 53:78 во натпревар од 2.коло на квалификациската Б група.
На средбата одиграна во салата „Јасмин„ во Кавадарци македонските кошаркарки немаа можност да и се спротивстават на силната селекција на Велика Британија која до победата ја предводеше Темитопе Фенбенле со 15 постигнати поени.
Во нашата репрезентација воедно и на натпреварот најефикасна беше натурализираната Американа Криси Гивенс со 21 постигнат поен.
Ова е втор пораз за избраничките на селекторот Горан Јовановиќ, откако во првото коло на гостувањето во Литванија загубија со 108:66.
Следниот натпревар македонските кошаркарски ќе го одиграат на 15 јуни (недела) и тоа на гостински терен против Белгија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа