Ваква семејна тепачка ретко се среќава - прочитајте што направил еден здивен скопјанец

34 годишниот скопјанец С.Н. заработи кривична пријава и осумдневен притвор, поради сомнение дека крвнички ги претепал неговите мајка и брат/

Според податоците од МВР, на 9. јуни, околу 11 часот во неговиот семеен дом во Скопје по претходна вербална расправија, почнал со перница да ја удира неговата мајка. Неговиот брат се обидел да го спречи, но, бесниот С.Н. почнал да го тепа и него со тупаници и нозе по главата и телото, нанесувајќи му видливи модринки по лицето. Претепаниот скопјанец едвај успеал да избега од дома и да го пријави настанот во полиција.

С.Н. бил приведен во полиција, и по извршениот разговор бил ослободен. Откако пристигнал дома, повторно ја нападнал неговата мајка удирајќи ја со тупаници по главата и телото. Мајката паднала на земја, а С.Н. ја фатил за нога и ја извлекол надвор од домот. Жената се упатила во полициска станица и го пријавила својот син. 

С.Н. уште како малолетник е познат сторител на кривични дела и против него до сега се поднесени вкупно 12 кривични пријави (за кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка телесна повреда, лажно пријавување кривично дело, кражба, одземање моторно возило, тешка кражба, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги). За дел од нив му се изрекувани мерка засилен надзор од родител-посвоител, две условни осуди и четири казни затвор. 

12.06.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега