Прегзен пешак во скопската населба Ѓорче Петров

Прегазен е пешак во скопската населба Ѓорче Петров, пренесува Нетпрес. Сообраќајната несреќа се случила пред половина час, прегазен е 59- годишен пешак од страна на возач со возило на марка „пасат“ со скопски регистерски таблички.

Од МВР соопштуваат дека пешакот минал со лесни телесни повреди и е пренесен во Градската болница „8-ми Септември“.

Полицијата во моментот врши увид на местото на насреќата и најавуваат детали за подоцна.

 

13.06.2014 - 20:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега