Миленко Неделковски: СДСМ е мртва партија, само нема кој да им каже
Можеби најконтроверзниот новинар на новинарската сцена во Македонија. Многумина му го оспоруваат правото врз новинарството, но тој е тука, на сцената и редовно застапен на насловните страници, токму на оние медиуми, кои му го оспоруваат правото да се идентификува со новинарската професија.
Миленко Неделковски без влакна на јазикот, во интервју за Прес24, зборува отворено за новинарската професија, за политиката, за тоа што треба да бидат стратешки национални интереси.
Како Миленко Неделковски ја дефинира слободата на изразување?
- Ако сакаш да шамараш, треба да си спремен да примаш заушки и шамари. И да не плачеш и цмиздриш, одговара во Интервјуто за Прес24.
Иако честопати обвинуван за ширење говор на омраза, за што и група новинари поденесе кривична пријава против него, Неделековски за Прес24, вели дека не знае што е тоа говор на омраза?
- Може да има простаклук, вулгарност, закана –ама говор на омраза, ја не знам што е тоа? Ако кажам дека го мразам тој-и-тој што се залага за промена на името – говор на омраза ли е? Или е едно обично човечко чуство?, вели во интервјуто за Прес 24, Неделковски
Од оследниот случај со холандската амбасадорка, вели дека немал никакви непријатности. Напротив уживал во текот како се одвиваа настаните.
-Јас сметам дека она што го кажав за Мариет е комплимент за секоја жена. Затоа тие се облекуваат, депилираат, шминкаат, маникираат, педикираат... Затоа прават “фризура“ не само на главата. Затоа носат танга како Весна Бендевска, затоа употребуваат кармин, парфем... За да бидат привлечни, сексуално привлечни.
Од друга страна амбасадорорт на најголемиот светски хегемон беше наречен Вол. И не видовме ниту една реакција. Ниту од домашни душегрижници ниту пак од германската амбасадорка која предходно глумеше адвокат на Мариет, вели новинарот Неделковски,
Не верува во Решение за спорот со името, вели “НЕМА и НЕМА НИ ДА ИМА. Само слеп човек, или будала, тоа не може да го види”. Но, затоа верува дека Македонија има иднина и надвор од НАТО и ЕУ.
-Македонија треба да остане надвор од системите каде што ЌЕ Е ЗАБРАНЕТО да се пеца на Тиквешко, да се прави своја домашна мастика и ж’та, да се прави домашно маслиново масло, да се бере калинка... Каде ќе биде забрането краставицата да е крива, а лубеницата да е потешка од 4-5 кила. Иднината на Македонија е таму каде нема да се забранети џамлии за деца, чварки и шваргла за возрасни... Иднината на Македонија е таму каде во Прилеп нема да биде забранет кукурекот, каде во Охрид ќе јадеме охридска наместо калифорниска пастрмка. И каде, кокошките ќе несат јајца во дворот. И твојот и на комшијата. Иднината на Македонија е таму каде ќе се сакаат САМО еден маж и една жена. Дури и кога ќе дојде до разделба, мажот ќе си најде друга жена, а жената друг маж. И НИКАКО поинаку, вели во интервјуто за Прес24, Миленко Неделковски
ПРЕС24: Честопати знаете отворено да влезете во полемика, без пардон, со политичари, аналитичари, но и со колеги. Која е причината за така жолчните преписки.?
НЕДЕЛКОВСКИ: Едноставно кога некој лаже, манипулира или се фолира јас не можам да премолчам. Не трпам фаци што имаат “божји“ синдром, што мислат дека го посисале целото знење и што мислат дека само они знаат. Најмногу од се ме нервираат типови што се лутат кога ќе ги разголиш покажувајки дека ништо не знаат. Па сите ги видовме насловите во петпарачки весници “Кум Ставре наместо Хорхе“, ги видовме Билјали и Ризаов како се избламираа со “прогнозата“ дека Пендаровски ќе победел со 150.000 гласа разлика! Па такви глупости не можам да премолчам. И кон такви типови немам милост, ниту пак бирам речник – напротив.
ПРЕС24: Последната поголема фама беше Вашиот став за една амбасадорка во Македонија. Колку тој Ваш став Ви предизвика непријатности и преблеми, а колку, од дистанца, мислите дека тоа беше оправдан став?
НЕДЕЛКОВСКИ: Немав проблеми ниту непријатности. Но имав супер забава. Да дознаеш дека од Министерството за Надворешни на Кралството на Холандија е повикана амбасадорката како би разговарае за Миленко ишју, е топ осечај.
ПРЕС24: Искрено, малку парадоксални беа реакциите и на странските дипломати, но и на дел од јавноста и тоа на оние најгласни заговарачи на слободата на изразување, бидејќи кога се зборува за слобода на изразување нелогично е да се се оспорува нечиј став. Но, јас сакам да Ве прашам, колку е сето ова е една хипокризја, а колку само поличтичка декларативност на слободата на изразување?
НЕДЕЛКОВСКИ: Јас сметам дека она што го кажав за Мариет е комплимент за секоја жена. Затоа тие се облекуваат, депилираат, шминкаат, маникираат, педикираат... Затоа прават “фризура“ не само на главата. Затоа носат танга како Весна Бендевска, затоа употребуваат кармин, парфем... За да бидат привлечни, сексуално привлечни. На Мариет тоа и успева. На Гудрун, од очигледни причини – не.
Од друга страна амбасадорорт на најголемиот светски хегемон беше наречен Вол. И не видовме ниту една реакција. Ниту од домашни душегрижници ниту пак од германската амбасадорка која предходно глумеше адвокат на Мариет.
Двоен стандард, нели! Сите најголеми викачи и барачи на слобода на говор и мисла, се всушност најголемите бољшевици. Тие би забраниле да се дише, а камо ли да се пишува.
ПРЕС24: Како Вие ја дефинирата слободата на изразување?
НЕДЕЛКОВСКИ: Ако сакаш да шамараш, треба да си спремен да примаш заушки и шамари. И да не плачеш и цмиздриш.
ПРЕС24: Има ли во Македонија цензура, загрозување на правото на слободно изразување?
НЕДЕЛКОВСКИ: Во држава во која секоја будала што има портал или пишува колумна може премиерот или претседателот да го нарекува Хотлер, Сталин, Чаушеску... Во држава кога истите тие можат својата држава да ја нарекуваат Северна Кореа, режим, конц логор..., а државата како фашистичка, нацистичка... Во држава каде болен млад човек што си замислил дека наместо да скокне од Радин мост и да се утепа ќе стане новинар, е викнат во Парламентот да зборува а опозицијата громогасно да му ракоплеска и скандира - не знам како може да стане збор за загрозување на слободно изразување.
ПРЕС24: Сепак речиси сите извештаи на меѓународните организации покажуваа пад на македонското новинарство. Која според вас е причината за тоа?
НЕДЕЛКОВСКИ: Меѓународните организации!!! Кои меѓународни организации??? Оние стонастотно спонзорирани од Сорос, од ЦИА, од американската воена индустрија и светската банкарска олигархија? Каде тоа стои како закон дека она што некоја меѓународна што-и-да-е е вистина? Дека тоа е релевантно? Каде стои обврска тоа да се почитува или недајбоже имплементира? Во ова “сите извештаи“ има ли организација од Кина, Русија, Јужна Африка, Бразил или Индија? Или имаме на планетава надлуѓе, надраса (убер алес), наднација, наддржава, а од спротивната страна луѓе, народи, нации, држави недостојни да имаат “меѓународни организации“ со извештаи за што-и-да-е?
ПРЕС24: Изминативе неколку години преку различни невладини организиации, меѓу кои предничи СОРОС, влегуваат големи средства наменети за фондови за развој на новинарската професија. Тие пари најчесто завршуваат во кругот на една група новинари, кои под под превезот на независно новинарство, ја форсираат политичката платформа на опозицијата. Не е ли малку парадокаслно тоа?
НЕДЕЛКОВСКИ: Многу пари – да. Од СОРОС – да. За квази развој на новинарство – да. Но, НЕ за да ја форсираат политичката платформа на опозицијата, тука да ја промовираат и наметнат платформата која си ја умислил Владе Милчин. Таа платформа е делумно левичарка, во добар дел од деловите е сдсмовска, но стонастотно е Милчинова. Тоа е платформа на лустриран кодош.
ПРЕС24: Честопати сте на мета дека ширите говор на омраза. Група новинари поднесе и кривична пријава против Вас. Кој е Вашиот коментар на тоа?
НЕДЕЛКОВСКИ: Омразата е човечко чуство. Исто како и љубовта, љубомората, тагата, зависта, радоста... Кој е тој фраер што сака да ми го одземе правото да бидам обичен човек. Ежедневен смртник со сите добри и лоши страни на едно човечко суштество. Историјата кажува дека на планетава имало само еден човек што не мразел! И тој, пред нешто повеќе од 2.000 години бил закован на крст и оставен да искрвари и умре.
Но, обидот на таа група новинари да етикетира, во најобична критика да наоѓа елементи на говор на омраза е всушност фашизам пар екселанс. Они демек идеалните, саде со љубов кон се и сешто. И од спроива Миленко кој мрази и тоа го пишува. А јас, да. Јас су човек. Јас сум македонец. Јас мразам страни дипломати што сметаат дека се губернатори во Македонија. Јас мразам луѓе со исчашен промискуитет. Односно, да бидам јасен, мразам педери. Јас мразам луѓе што играа по нотите на грчката дипломатија и политика. Мразам луѓе што прават се зада го променат името на оваа држава и народ. Да, јас ги мразам луѓето што го сменија уставот, што ја прифатија “привремената“ рефернца, што го укинаа знамето од Кутлеш.
ПРЕС24: Како Вие го сфаќате говорот на омраза?
НЕДЕЛКОВСКИ: Нема такво нешто. Може да има простаклук, вулгарност, закана –ама говор на омраза, ја не знам што е тоа? Ако кажам дека го мразам тој-и-тој што се залага за промена на името – говор на омраза ли е? Или е едно обично човечко чуство?
ПРЕС24: По изборите Македонија условно влезе во една нова политичка криза, чија разрешница најверојатно ќе се случува во септемри. Што очекувате, во кој правец ќе се движат работите на политичката сцена во Македонија?
НЕДЕЛКОВСКИ: Никола Груевски игра една тешка и долга партија шах. Има црни фигури и квалитет помалку во таа шаховска партија. За негова среќа од спротиставената страна има екипа на потпросечни играчи на “Не лути се човече“. Она што тој го подготвува со потези однапред, политичките конкуренти не можат ниту да го видат ниту да го помислат. Сите досегашни есени биле тешки. И оваа ќе биде тешка. На странците е да не притискаат, на нас е да не попуштаме.
ПРЕС24: Колку одлуката за бојкот на парламентот ќе бидена штета, а колку во корист на СДСМ?
НЕДЕЛКОВСКИ: Таа партија е умрена, закопана, сите парастоси и се раздадени.... Само уште нема кој да им јави дека се мртви.
ПРЕС24: Многумина аналитичари проценуваат дека со ваквата политика СДСМ се движи кон распад, но сепак тоа е партија со над 250.000 гласачи. Моето прашање е колку реално може да се игнорира ваквата позиција како најголема опозициона партија во Македонија?
НЕДЕЛКОВСКИ: 250.000 гласа се луѓе, наши сограѓани, наши сонародници. Тие гласале како што сметале дека е исправно. Тие, и сите други гласови, треба да се респектираат. Исто како и оние 400 илјади на Пендаровски, односно безмалку 600 илјади на Иванов. Единствено игнорирање во цела оваа работа е игнорирањето на овие четврт милион луѓе од страна на врхушката на СДСМ.
ПРЕС24: Условно во Парламентот преку дополнителните избори за оние 34 пртатенички места може да се создаде една нова опозиција, преку влегување на помали партии. Но, колку таа парламентарна опзоиција би можела да го преземе приматот што СДСМ сега го има?
НЕДЕЛКОВСКИ: Двата “кандидата“ за пополнување на опозиционата рупа не се израз на волјата на гласачите. Тоа би вила вештачка опозиција. Тоа не е добро. Но за тоа е виновна СДСМ која таква вештачка опозиција ќе створи. Од друга страна, ако се почитува словото на законот во врска со дополнителните избори, опозицијата вештача или не, ќе биде легитимна.
ПРЕС24: Може ли оваа ситуација да помине во поголема политичка криза во државата?
НЕДЕЛКОВСКИ: Не. Кој ќе ја прави кризата: Оној со отровните корнишони и Ауди осмица од 100.000 евра? Или онаа со 5-и-пол илјади евра месечна кирија? Која криза човече?
ПРЕС24: СДСМ и опозицијата во Македонија, осум години ги губат сите изборни циклуси. Во сите овие порази секогаш, а особено по овие избори, опозицијата ја обвинувала власта за системска кражба. Најголем дел аналитичари велат дека тоа е само алиби за неуспесите на СДСМ. Но, јас сакам да Ве прашам, кој е Вашиот став, зошто и по осум години власт, ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на избори?
НЕДЕЛКОВСКИ: ВМРО е народот. СДСМ е грчки клиент и создател на криминалните олигарси. Овер енд аут.
ПРЕС24: Важите за еден од оние кои имаат критички однос кој Евртопскат Унија, НАТО, САД. Македонија има стратешка определба за членство во овие меѓународни организации и блискост со САД. Речиси сите аналитичари и политичари се согласи дека иднината на државата е во тој правец. Но, реалноста покажува дека прашањето за името и блокадата од Грција е повеќе од сериозна пречка на тој пат. Гледате ли решение на спорот со Грција?
НЕДЕЛКОВСКИ: Решение за спорот со името НЕМА и НЕМА НИ ДА ИМА. Само слеп човек, или будала, тоа не може да го види. Што се однесува до “стратешката определеност“. Па, стратегиите се тука за да се менуваат. Во фудбал, ако губите 2:0, ќе ја промените стратегијата. Не ке играте со стратегија која продуцира пораз. САД пред Перл Харбур имаше стратегија да не се меша во Втората светка војна. Потоа ја промени стратегијата. СССР, со договорот Молотов – Рибентроп, имаа стратегија да не се мешаат во експанзионистичката “На запад“ политика на Наци Германија. Е ама, кога тргнаа Нах Ост, руската стратегија се смени.
ПРЕС24: Има ли Македонија иднина надовр од НАТО и ЕУ?
НЕДЕЛКОВСКИ: Да. Иднината на Македонија е во самоодржливоста. Во неучество во окупаторски војски и алијанси како што е НАТО. Во неучество во корумпирани, бирократизирани и банкротирани економски сојузи како ЕУ. Иднната на Македонија е во терање рамноправен, а не клијантелистички однос кон големите и малите, кон блиските соседи, и кон далечните земји... Иднината на Македонија е во сознанието дека ниту во Македонија ниту православните ќе смеат да колат гуде и да прават чварки во својот двор, ниту пак муслиманите ќе ги прават своите ритуали со колење и делење на месото на Курбан Бајрам. Македонија треба да остане надвор од системите каде што ЌЕ Е ЗАБРАНЕТО да се пеца на Тиквешко, да се прави своја домашна мастика и ж’та, да се прави домашно маслиново масло, да се бере калинка... Каде ќе биде забрането краставицата да е крива, а лубеницата да е потешка од 4-5 кила. Иднината на Македонија е таму каде нема да се забранети џамлии за деца, чварки и шваргла за возрасни... Иднината на Македонија е таму каде во Прилеп нема да биде забранет кукурекот, каде во Охрид ќе јадеме охридска наместо калифорниска пастрмка. И каде, кокошките ќе несат јајца во дворот. И твојот и на комшијата. Иднината на Македонија е таму каде ќе се сакаат САМО еден маж и една жена. Дури и кога ќе дојде до разделба, мажот ќе си најде друга жена, а жената друг маж. И НИКАКО поинаку.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа