Сан Антонио нов шампион во НБА
Екипата на Сан Антонио со победата ноќеска над Мајами ја освои титулата во НБА лигата. Ова за „мамузите“ е петта титула во најквалитетната кошаркарска лига, а воедно им се реваншираа на Мајами за поразот во ланското финале.
Во натпреварот број 5 Сан Антонио го победи Мајами со 104:87 (22:29; 25:11; 30:29 и 27:29) и со 4-1 во добиени натпревари стигна до шампионската титула.
Претходните четири ги освоија во: 1999, 2003, 2005 и 2007 година.
По добриот почеток на дуелот, Мајами немаше сили и расположени играчи да се спротистават на новиот шампион. Каваи Ленард постигна 22 поена, а Ману Џинобили 19 кај победникот, а Леброн Џејмс реализира 31 во редовите на Мајами.
Признанието МВП на финалето го освои Ленард од Сан Антонио и со 22 години е третиот најмлад играч што го добива ова признание. Помлади од него биле Меџик Џонсон и Тим Данкан
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа