Перо Антиќ отвара ресторан позади Градски стадион
Единствениот Македонец во НБА отвара свој ресторан во станбениот комплес Парк Резиденс зад арената Филип Втори. Како што дознава Економски.мк, станува збор за партнерство со доскорешниот менаџер на ресторанот Скала кој се наоѓа во близина на фонтаната Парк, каде што Антиќ беше секојдневен гостин.
По десетина години градење, неколку рушења, измени на намената на објектот и промени на сопственичката структура, контроверзниот „Кинески ѕид“ залепен до националната арена „Филип Втори“ минатиот месец официјално беше отворен под ребрендираното име – резиденцијален комплекс „Парк резиденс“.
Објектот со луксузни апартмани за живеење и хотел на пет ката беше легализиран од општина Центар, врз основа на Законот за постапување со бесправни објекти, а инвестицијата, по неколку годишна статус кво состојба, реши да ја дозаврши компанијата „Имморекс Македонија“.
Според информациите до кои дојде Економски, покрај комфорот за живеење кој го нудат инвеститорите, Скопјани ќе можат да уживаат и во угостителските услуги на ресторанот на Антиќ, кој би требало да почне со работа од август.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа